На интернет владее нов „вирус“, кој ја „зарази“ планетата, па на него не останаа имуни ниту спортистите, а станува збор за предизвик, според кој треба да се објави фотографија од пред десет години и денес.

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Аксел Витсел е еден од бундеслигашките фудбалери, кои го прифатија предизвикот и колку што може да забележиме пред 10 години немал фризура како денешната.

Напаѓачот на Келн, Ентони Модесте објави фотографија од пред десет години кога како мало момче настапувал за младинскиот тим на Ница.

Кристијан Бентеке дефинитивно го има најдобриот одговор, кога објави фотографија на која се гледа набилдано момче.

Колку што може да забележиме, времето многу не го променило Џејми Варди. Освен тоа што тогаш играл за нисколигашот Стокбриџ Парк, а сега настапува за Лестер во Премиерлигата.

Дефанзивецот на Шалке, Салиф Сане има многу променет имиџ за разлика од пред десет години кога настапуваше за француски Бордо.

Винсент Компани помина цела „вечност“ во дресот на Манчестер сити. Неговата фотографија го прикажува како што изгледа пред 10 години во дресот на „граѓаните“.

Поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд го смени својот стил и тоа премногу, а тоа може да се забележи на фотографијата од предизвикот.

Емануел Адебајор имаше многу авантури во последните 10 години, па смени неколку клубови, додека сега настапува за Башакшехир.

Пол Погба, како пред десет години, игра за Манчестер јунајтед. По четири години поминати во Јувентус реши да се врати таму каде што настапуваше како дете.

Џејмс Милнер е легенда на Премиерлигата со дури 503 настапи. Дури и по десет години игра фантастично во дресот на Ливерпул.

Шалке не чекаше многу, па реши да објави фотографија од својот голман Ралф, кој многу се промени во последните 10 години.

Лајпциг се пошегува на своја сметка, откако објави фотографија на која ги нема, зашто токму пред помалку од десет години беа формирани, односно на 19 мај 2009 година.

Најдобриот кошаркар во НБА-лигата за 2017/18 година, Џејмс Харден се потсети на старите добри денови додека настапуваше во Оклахома Сити.

На предивикот не му одолеа ниту поранешната сопруга на легендарниот Рафаел Ван дер Варт, која објави фотографија од пред 10 години на која има рак на дојка, но 10 години подоцна се врати посилна од било кога.

Словенечката кошаркарска репрезентација исто така го прифати предизвикот, па одговори со тоа што објави фотографија од пред десет години кога немаше никаков трофеј и кога го освоија Евробаскетот во 2017 година.