Белоруски тим одби да игра откако Лукашенко уапси позната кошаркарка!

Ракометниот клуб Вициаз Леон одби да настапи на својот меч во белорускиот шампионат откако претседателот на државата Александра Лукашенко нареди да биде уапсена кошаркарската репрезентативка Јелена Леученка.

Леученка била уапсена на аеродром во момент кога сакала да ја напушти државата, по што револт покажал ракометниот клуб, кој смета дека апсењето на најдобрата белоруска кошаркарка е нелегално.

Тие сметаат дека со ваквиот потег на диктаторската власт на Лукашенко им се става дополнителен притисок на граѓаните на државата.