Батшуаи повторно владее со „Твитер“ - одговори на тврдењата дека е хомосексуалец (ФОТО)

На „Твитер“ се појави информација дека фудбалерот на Челси, Миши Батшуаи е подготвен јавно да изјави дека е хомосексуалец, но Белгиецот веднаш одговори.

„Миши Батшуаи ќе биде првиот геј-фудбалер во Премиерлигата, откако им признал на своите соиграчи“, напиша профилот „ЧелсиДејли“.

Голгетерот на „сините“ веднаш одговори и тоа во негов стил.

„Друже и мајка ти знае дека тоа не е точно“, напиша Батшуаи.