Барди се врати на тренинзи во Леванте, па прво што направи – го сеиреше клупскиот новинар (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди се врати во Леванте по одморот и ги започна подготовките со својот тим за новата сезона во Ла Лига, негова трета во најсилниот шпански шампионат

И веднаш на тренингот Барди направи циркус за клупската телевизија. Новинарот на теренот ги кажуваше новистите дека македонскиот фудбалер почнал со тренинзи, па Барди реши малку да се шегува и да го сеири.