Балкански циркузи: Играч тешко повреден, а шоферот на брза помош – исчезна!? (ВИДЕО)

Дека на Балканот се случуваат луди работи во фудбалот најнов доказ е циркузот од втората романска лига помеѓу Конкордија и Фарул, во која брзата помош прекина меч речиси десет минути зошто – исчезна возачот.

Делува смешно, но повеќе е трагична случката зашто фудбалерот кој даде гол за водство на Конкордија (победи со 2-1) на минута пред крајот ја скрши клучната коска. И после тешката повреда, брзо во теренот влезе брзата помош, лекарскиот тим експресно го смести во комбето и сите чекаа да тргне, арно ама – возачот исчезна.

Кога конечно го најдоа, тој седна зад воланот, но тргна да пополнува бирократска папирологија, не сакајќи да тргне без да ја заврши својата административна задача. И сето тоа предизвика бура од реакции во романската јавност, која се запраша што ако имаше поитен случај и ако минути беа во прашање за да се спаси човечки живот?