Балак во љубовна врска со 24 години помлада девојка - другарка на неговиот починат син (ФОТО)

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Германија, Михаел Балак има девојка која е 24 години помлада од него. 

Можеби годините и не се голема пречка, ако Софија Шнидерхан не беше најдобра другарка на починатиот сум на поранешната фудбалска ѕвезда. Емилио, синот на Балак почина минатата година при бизарна несреќа со АТВ во Португалија.

Очигледно смртта на синот го зближила Балак со Софија, па двајцата сега се во љубовна врска. Неколку пати се уловени од папараците како се држат за рака и разменуваат бакнежи во јавноста. 

Балак своевремено играше за Баер Леверкузен, Баерн Минхен и Челси.