Белгиската ѕвезда Еден Азар летово се пресели од лондонски Челси во најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид и во шпанската престолнина експресно се смести – во куча од 11 милиони евра.

Белгиецот купи „модерен дворец“, кој во Мадрид претходно бил дом на познатиот пејач Алехандро Саинц. Сместен е во ексклузивно урбана населба „Ла Финка“ во Поузело де Алакрон.

Куќата е слична на тие што ги имаа Кристијано Роналдо и Хамес Родригез, а ги дизајнирал познатиот архитект Жоакин Торес. Куќата е позната како „црна куќа“ и има 1.600 квадрати. Целиот имот се простира на 5.151 квадратен метар, има спа-центар, базен, теретана, кино, тениски терен, шест спални соби.

Еден во Мадрид ќе живее со својата сопруга Натача Вон Хонакер и трите деца – Јанис (8), Лео (6) и Сами (3).