Азар со мобилниот телефон ги воодушеви фановите на Челси (ФОТО)

Еден Азар ги почна подготовките со Реал Мадрид пред следната сезона, а од него се очекува да биде големо засилување.

Азар веднаш се најде во центар на внимание кај навивачите, зашто на него се гледа дека има вишок килограми и пред него има многу работа на подготовките.

Но, исто така Белгиецот ги воодушеви и навивачите на Челси, зашто покажа дека е уште поврзан со тимот од „Стемфорд бриџ“.

Во центар на внимание беше фотографијата на Азар како држи мобилен во рака, а заштитната маска е со фотографија од неговите деца, кои се во дресовите на лондонскиот гигант.