Познатата навивачка на Барселона, Сузи Кортез отиде чекор понатаму и реши да го истетовира ликот на нејзиниот идол Лионел Меси.

Ликот на Меси се појави над меѓуножјето на атрактивната навивачка, а таа се пофали со тетоважата преку Инстаграм.

„Причината зошто го тетовирав Меси е тоа што при гостувањето во една ТВ кажа дека доколку ја освои шестата ‘Златна топка’ ќе добие посебен подарок од мене“, порача навивачката.