Германската атлетичарка Алиса Шмит беше прогласена за најдобра спортистка на светот, а одби да позира и за „Плејбој“, но прифати да ги тренира фудбалерите на Борусија Дортмунд.

Специјалност на атлетичарката се трките на 400 и 800 метри, а Матс Хумелс и останатите коментираа дека нејзините тренинзи се пеколно тешки.

Шмит во 2017 година освои сребрен медал на младинското ЕП во штафета 4 по 400 метри, а стана и ѕвезда на социјалните мрежи.