Асприља не дозволил да го убијат Чилаверт! (ВИДЕО)

Повозрасните љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на Фаустино Асриља и Хозе Луис Чилаверт и нивната расправија за време на натпреварот помеѓу Колумбија и Парагвај. Тие важеа за едни од најдобрите фудбалери на своите позиции во 90-тите години, едниот беше „пантер“ меѓу стативите, додека вториот главен меѓу напаѓачите.

Асприља и Чилаверт ги одмерија силите на еден квалификациски натпревар за Светското првенство во 1998 година, а нивната расправија и немилиот настан дојде до ушите на познатите нарко дилери, кои сакале да го убијат Парагваецот, тврди легендарниот колумбиски напаѓач.

Поранешниот напаѓач на Парма и Њукасл изјави дека платен убиец го повикал во хотелска соба, откако тој и Чилаверт беа исклучени за време на натпреварот во 1997 година во Асунсион, кој го доби Парагвај со 2-1.

Што? Дали сте луди? Ќе го уништите колумбискиот фудбал. Не, не, не. Она што се случува на терен останува на теренот, бил одговорот на Асприља.

Овој настан можеби најдобро го опишува степенот до кој било изразено насилството во Колумбија пред дваесетина години. Убиството на Андреас Ескобар по еден автогол на СП 1994 година е едно од најтемните поглавја во историјата на фудбалот.

Патем, Асприља наполни 50 години минатата недела, а сè уште е исклучително популарен во својата земја.