„Армада“ им се закани на Велковски и другарите: Играјте пи*ки, ќе добиете ќотек!

Пред само 10 дена Риека потпиша нов договор со тренерот Симон Розман, но тој вчера си замина од „Руевица“ откако доживеа пораз од Хајдук со 0-1, а тоа ептен ги налути најверните навивачи на клубот „Армада“.

Розман имаше големи успеси со Риека затоа што ги однесе до пласман во групната фаза од Лига Европа, но тоа не му беше доволно за да остане во тимот, но и покрај тоа со резултатот против Хајдук ги налути навивачите, кои немаа пријатни пораки за фудбалерите на тимот, меѓу кои е и нашиот фудбалер Дарко Велковски.

„Играјте пи*ки, ќе добиете ќотек“, порачаа околу 100 навивачи кои по болниот пораз се собраа пред стадионот, каде што останаа еден час.