Адреналински зависник: Еден од најдобрите играчи во НФЛ се брка со бикови!

Џош Норман е најплатениот корнер-бек во професионалната лига во американски фудбал (НФЛ) во САД и очигледно голем адреналински зависник, зашто дојде во шпанска Памплона за да се брка во бикови, на традиционалниот настан што секоја година се одржува на Пиринеите.

Норман својот ден поминат во Памплона го нарекол најубав ден во животот, а интересно воопшто не се криел и се бркал по улиците со биковите, без оглед што постоеле најави дека ризикува сериозна казна од својот клуб.

Тој неодамна потпиша нов договор со редсинс вреден 75 милиони долари или 15 милиони долари по сезона во следните пет години, со што стана најплатен играч на својата позиција во историјата.

Фестивалот „Сант Фермин“ во Памплона е една од најголемите атракции, но и најопасна со оглед дека секоја година има низа настрадани од бодежи од роговите на биковите.