Англиските навивачи направија хаос во Португалија, па си го собраа ѓубрето (ВИДЕО)

Англиските навивачи кои беа во Португалија за натпреварите од Лигата на нации го изненадија локалното население, но и целата планета, иако се познати како незгодни на гостувањата.

Многумина очекуваа англиските навивачи да лудуваат по градот и да остават еден тон ѓубре зад себе, но тоа не се случи. Дел од нив решија да го соберат сметот и да го исчистат местото, а Португалците им дадоа аплауз поради нивниот потег.