Англиска олимпијка по три брака и три деца лаже за своите години за да си најде – дечко!

Шерон Дејвис е поранешна олимписка вицешампионка во пливање, која и на 56 години има немирен дух, па преку сајт за наоѓање парнери, пуштила оглас за да си запознае нов дечко.

Англичанката има три деца од три различни бракови, па сега на интернет бара маж за забава и авантура, но тоа што англиските меидуми го објавија е фактот дека излажала за својата возраст.

Дејвис напишала дека има 45 години, што е 11 години помалку од возраста на која е во моментов. Таблоидот „Сан“, пак, објави дека Шерон се опишала како „спортски тип, кој зака патувања, кино и вкусна храна и дека сака да запознае човек со кој може да има 'авантура'“.

Англичанката има сребро од ЛОИ во Москва во 1980, како и две бронзи од европските првенства во 1977, како и уште низа медали, меѓу кои и злато од Игрите на Комонвелтот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#sharrondavies looking fabulous at @bathlifeawards last night. #bifloves

A post shared by Bath In Fashion (@bathinfashion) on