Англичаните се мајтапат со Шкотите: Ова ви е казна зашто летоска навивавте за Хрватска!

Казахстан вчера непријатно ја изненади Шкотска на отворањето на квалификациите за Евро 2020, откако славеа со 3-0, а поразот на Шкотите се слави и во Англија.

Англичаните решија да ја прослават победата на Казахстан и така да им се одмаздат на Шкотите, кои летоска навиваа за Хрватска во полуфиналето од Светското првенство.

„Моментот кога цело лето навиваш за Хрватска, а потоа за еден час во Казахстан губиш 0-3“, беше една од големиот број пораки на англиските навивачи на Твитер.