Англичанец го погодил точниот резултат на дуелот Сити-Бартон и освоил богатство (ФОТО)

Манчестер сити вчера успеа да го декласира нисколигашот Бартон (9-0) во првиот меч од полуфиналето во Карабао-купот, а токму таа победа му донела големо богатство на еден Англичанец.

Навивачот решил да се обложи дека конечниот резултат ќе биде 9-0  и дека стрелец на првиот гол ќе биде Кевин Де Брајне.

И покрај комбинираниот состав на „граѓаните“, сепак тие победија со 9-0, а Англичанецот за вложените 21,8 фунти добил 8.196 фунти.