Алжирскиот селектор збесна на прес-конференција, а Марез гледаше - стаписан! (ВИДЕО)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Алжир, Мустафа Раба Маџер, покажа дека има страшен темперамент и тоа пред камери, среде прес-конференција.

Селекторот и првата ѕвезда на Алжир, Ријад Марез, беа на средба со медиумите по победата над Центално Африканската Република со 3-0, во пријателски натпревар. Значи не доаѓаа од пораз, па да биде нерасположен, сепак Маџер „откачи“ кога еден новинар постави прашање.

И не беше незгодно прашањето упатено за Марез: „Како ја оценуваш играта на Алжир денеска?“. Изгледа проблемот беше во човекот кој го постави, извесен новинар Џебур.

Селекторот не му дозволи на Марсез да одговори и самиот се вмеша.

„Господине Џебур, вие сте непријател на репрезентацијата. Вие сте непријател и јавно тоа го кажувам. Слушајте ме, сите ве почитувам, сите вас, само не него. Тебе не те почитувам. Не те почитувам. Следно прашање ве молам“, урлаше селекторот.

Очигледно стануваше збор за нерасчистени сметки од минатото, но што и да било го затекна Марез. Тој се стаписа од инцидентот и само гледаше збунето те во селекторот, те во новинарот.