Алегри се правда, но реакцијата на Пјаниќ покажува дека му е лут! (ВИДЕО)
При излегувањето од играта Пјаниќ директно тргна кон соблекувалната, па делуваше дека му е лут на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, иако стратегот вели дека такво нешто нема.
„На стадионот беше шест степени под нулата, поради тоа замина во соблекувалната, а јас сакав да го одморам за наредните натпревари во Серија А“, кажа Алегри.