Динамо прокоцка два гола предност за полуфинале во ЛШ - Антовски се повреди

Екипата на Динамо Загреб до 19 години прокоцка два гола предност против Челси во четвртфиналето од Лигата на шампиони, а македонскиот фудбалер Филип Антовски немаше среќа, па мораше да го напушти теренот уште во 37. минута поради повреда.

Антовски доби незгоден удар во 37. минута од мечот, по што беше заменет со Ведад Радоња, а само четири минути подоцна гол за хрватската екипа постигна Антонио Марин.

Во второто полувреме Динамо ги израдува своите навивачи со уште еден гол на Марин и тоа во 57. минута, по што следуваше пад на концентрацијата во завршните минути, па казната пристигне преку Лек МекКормик во 77. минута и 87. минута.

Регуларниот дел заврши 2-2, по што на пенали подобар беше англискиот тим со 4-2, па си обезбеди полуфинале против Барселона.