Лопетеги кажа што мисли за идејата да се играат натпревари во САД
Ла Лига побара дозвола од Шпанската фудбалска федерација за натпреварот помеѓу Џирона и Барселона да се одигра во САД на 26. јануари.
„Јас не сум за одржувањето на натпревари во САД. Тоа го намалува квалитетот на првенствот. Јас мислам дека сите екипи треба да играат на своите стадиони“, кажа Лопетеги.
Тешко дека ќе се реализира оваа идеја на Ла Лига, но ќе видиме што ќе се случува во иднина.