Шкендија-Вардар со директен пренос на ТВ Нова
Дуелот помеѓу двете најдобри македонски фудбалски екипи во моментов, Шкендија и Вардар, кој попладнево ќе се одигра во Тетово (17 часот), ќе биде директно пренесуван на ТВ Нова, соопштија предмалку од националната телевизија.
Ова дефинитивно е одлична вест за сите фудбалски вљубеници кај нас, кои ќе може во живо да ја проследат пресметката на тимовите кои в четврток ќе ја претставуваат нашата земја во плејоф-рундата во Лига Европа и тоа против гигантите Милан односно Фенербахче.
Со ова ТВ Нова само продолжи со серијата фудбалски преноси меѓу кои беа дуелите на Вардар со Копенхаген како и средбата со Малме во Струмица во рамки на ЛШ, финалето од Купот на Македонија, Европското првенство за млади...