Шкупи запиша неславен рекорд: Единствен тим во Европа без победа оваа сезона
Денеска официјално заврши сезоната за чаирскиот клуб која ќе остане запамтена како една од најлошите на еден македонски клуб. Шкупи е единствен клуб во Европа, односно во лигите што се под капата на УЕФА, кој ја завршува сезоната без ниедна победа.
Чаирчани освоија само еден бод, против Работнички, а примија рекордни 130 гола. Досегашниот црн рекорд го држеше Брегалница Делчево со 124 гола.