Ројевиќ: Татабања е фаворит, но ние ќе дадеме сè од себе да го освоиме трофејот!

Ракометарите на Охрид денеска гостуваат во Унгарија кај Татабања во првиот меч од финалето во Европскиот куп на ЕХФ, а тренерот Борис Ројевиќ кажа дека ќе дадат сè од себе во двомечот.

Ројевиќ кажа дека Татабања има одлични ракометари и очекувано е фаворит во првиот меч затоа што има поголемо европско искуство, но воедно посочи дека не се предаваат лесно од борбата за трофејот.

„Заслуживме да бидеме во финалето затоа што бевме подобри од нашите ривали. Нашата одбрана е најдобра во регионот. Кристијан Пилиповиќ е најдобар голман во лигата. Можеби Татабања е фаворит, затоа што има повеќе искуство во европските натпреварувања. Тие имаат одлични ракометари и ги почитуваме. Сепак, го играме реваншот во Охрид. Знаеме колку добра знае да биде нашата одбрана, а тоа ни дава самодоверба. Очекуваме да победиме и нема да се предадеме, ќе направиме сè за да го освоиме трофејот“, кажа Ројевиќ за сајтот на ЕХФ.

Натпреварот меѓу Татабања и Охрид се игра денеска од 17 часот.

Фото: Facebook/ГРК Охрид - GRK Ohrid