Брера и Пелистер сакаат триумфи пред бараж-дуелите за опстанок
Брера оствари два триумфи против Шкупи и сега ја бара третата победа против Шкупи пред баражот за опстанок во македонската елита.
„Треба да ја заокружиме сезоната на најдобар начин и да се подготвиме за бараж-натпреварот што нѐ очекува за опстанок во елитата“, велат од Брера.
Битолчани ќе му гостуваат на Башкими во дуел кој нема резултатско значење, па така се очекува шанса да им биде дадена и на помлади фудбалери.
„Ова е натпревар кој нема никакво посебно значење за нашата екипа. Се надеваме дека на оваа средба поголема минутажа ќе добијат помладите играчи, кои се иднината на клубот. За среќа, овој дуел не одлучува за ништо ниту за домаќинот Пелистер, па затоа се исполнети сите предуслови за ефикасен и отворен фудбал. По овој меч, сите заминуваме на заслужен одмор по оваа долга, тешка, но за нас исклучително успешна сезона“, вели дефанзивецот Борјан Пановски.
Натпреварите од Првата лига се закажани за денеска од 16.30 часот.