Неверојатно: Тер Штеген стана шампион и испадна од лига во иста сезона!

Синоќа се одигра последното коло од шпанската Ла Лига, при што беше познато кои екипи испаѓаат од елитата, а во центар на внимание е германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген.

Интересно е тоа што Тер Штеген во првиот дел од сезоната беше дел од Барселона која ја освои шампионската титула, а потоа се пресели во Жирона, која минатата ноќ испадна од Ла Лига.

Тер Штеген не настапи на натпреварот поради повреда, а за Жирона во вториот дел од сезоната одигра само два натпревари.

Барселона ја заврши сезоната на прво место со 94 бодови, додека Жирона беше претпоследна со 41 поен.

Фото: FC Barcelona/Facebook