Аларм во Париз: Две ѕвезди на ПСЖ неизвесни за финалето од ЛШ
Добрата вест за тимот на Луис Енрике е дека Нуно Мендеш и Вилијан Пако го завршија тренингот без никакви проблеми и ќе бидат подготвени за големиот натпревар. Според францускиот весник „Л'Екип“, екипата на францускиот шампион го заврши тренингот пред навивачите, но вниманието на јавноста го привлече отсуството на двајца важни играчи.
Хакими сè уште се опоравува од повредата на бутот што ја заработи за време на полуфиналниот реванш од елитното натпреварување и овојпат вежбаше одделно од остатокот од тимот. Од друга страна, Дембеле остана под надзор на медицинскиот тим поради проблем со листот, па не излезе на теренот со своите соиграчи.
Финалето од Лигата на шампионите се игра на 31 мај во главниот град на Унгарија. ПСЖ ќе ја брани титулата, а Арсенал ќе се обиде да дојде до првиот трофеј во клупската историја.