Лигата на шампионите денеска во три термини, дербито е во Милано!
Програмата почнува длабоко во Азија каде што казахстанскиот Кајрат ќе го пречека грчки Олимпјакос и во овој дуел како фаворит влегува претставникот на Грција.
Од 18:45 часот се среќаваат Баерн Минхен и Спортинг Лисабон. Иако, Спортинг игра во одлична форма, Баерн сигурно ќе сака триумф по поразот од Арсенал во минатото коло.
За 21:00 часот ќе гледаме неколку интересни дуели, а најголемото дерби се игра во Милано каде што Интер ќе биде домаќин на Ливерпул. Двете екипи во различна атмосфера влегуваат во пресметката.

Интер игра одлично, додека Ливерпул реди неуспеси за на крајот лошата атмосфера да кулминира со изјавата на Салах кој остана во Милано.и не доби повик за оваа пресметка.
Но, внимание привлекува и средбата помеѓу Аталанта и Челси, додека на останатите средби Барселона ќе го пречека Ајнтрахт, ПСВ се среќава со Атлетико Мадрид, Монако е домаќин на Галатасарај, Тотнем влегува како фаворит во дуелот со Славија Прага, а Марсеј е гостин во Белгија кај Ројал Унион.
16:30 Кајрат – Олимпијакос
18:45 Баерн – Спортинг
21:00 Аталанта – Челси
21:00 Барселона – Ајнтрахт Франкфурт
21:00 Интер – Ливерпул
21:00 Монако – Галатасарај
21:00 ПСВ – Атлетико Мадрид
21:00 Ројал Унион – Марсеј
21:00 Тотенхем – Славија Прага