Херојот на Милан: Пред два дена лежев мртов болен во кревет
Пулишиќ остана на клупата бидејќи пред само два дена имал висока температура поради која морал да лежи и да одмора, сепак кога неговиот тим имаше негатива Алегри одлучи даа го уфрли и тоа се покажа како вистински потег.
„Пред два дена лежев мртов во кревет, но сега се чувствувам многу подобро. Многу сум среќен што дојдов тука и што одиграв ваков натпревар“, изјави Пулишиќ по натпреварот.
Поради проблемите со повреди, Пулишиќ сезонава игра помалку и на девет настапи постигна седум гола.
„Чудна сезона, сакам да влезам во натпреварувачка форма. Мораме да одиме натпевар по натпевар, па ќе видиме што ќе се случи на крајот од сезоната“, порача напаѓачот на „росонерите“.