Мектоминеј прогласен за МВП на сезоната во Серија А, Конте најдобар тренер
Тоа е уште една голема награда за него откако претходно и Серија А го прогласи за најдобар играч за минатата натпреварувачка кампања. Во неа тој го одведе Наполи до шмпионската титула во италијанското првенство, неполна година откако го напушти Манчестер Јунајтед каде беше во немилост на Ерик Тен Хаг.
За најдобар тренер во сезоната 2024/25 е прогласен предводникот на Наполи, Антонио Конте што и не е големо изненадување ако се има предвид големиот успех што тој го направи во Серија А. Наполи е прогласен за тим на годината, Николо Бертола е најдобар млад играч, Даниеле Довери ја доби наградата за најдобар судија, а Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи добија награда за животно дело.
Во идеалната постава на сезоната се најдоа: Миле Свилар (Рома), Дензел Дамфрис (Интер), Алесандро Бастони (Интер), Амир Рахмани (Наполи), Федерико Димарко (Интер), Тијани Рејндерс (Милан), Николо Барела (Интер), Скот Мектоминеј (Наполи); Мојс Кеан (Фиорентина), Матео Ретеги (Аталанта) и Лаутаро Мартинез (Интер).