Може да ја однесе репрезентацијата на СП, но - даде оставка!
Суринам се наоѓа во баражот и може да се пласира на своето прво Светско првенство во историјата, но Мензо даде оставка поради тоа што не успеа да ја пласира селекцијата директно на Мундијалот.
Суринам во третиот круг од квалификациите во КОНКАКАФ зоната го освоија второто место зад Панама во групата А. Панама избори билет за СП, додека Суринам ќе игра во плејофот во март на турнир во Мексико. Прво играат против Боливија, а противникот од овој дуел ќе игра против Ирак за пласман на СП.
„Исклучително сум горд на она што го постигнавме заедно и беше голема чест да бидам дел од ова извонредно патување“, рече 62-годишниот Менцо, поранешен голман на холандската репрезентација и Ајакс, кој работел како главен тренер во Волендам, Камбур, Лирс, АФК Амстердам, Пекинг Гуоан...
„Сепак, верувам дека чекор назад е вистинската одлука во овој момент. Искрено им посакувам на играчите, персоналот и менаџментот многу среќа, сила и успех додека го преземаат овој последен одлучувачки чекор во март“.