„Кога ултраси водат клуб - тој клуб пропаѓа“
Тој смета дека ако во Баерн се прашуваат ултрас навивачите, тој ќе стане клуб од второ ниво.
„Тие сакаат сами да управуваат со фудбалот. Но не разбираат дека каде и да се прашувале нешто навивачите, тој клуб станал клуб од второ ниво: Нирнберг, Франкфурт, Шалке... А секаде каде разумни луѓе од бизнисот водат клуб, се е во ред. Јас ги сакам ултрасите, ги обожувам, но други луѓе мора да бидат на функциите“, рече Хенес.
Ули Хенес е човек кој беше три и пол години во затвор поради затајување на данок во вредност од неверојатни 28,5 милиони евра.