Норвешкото торнадо предводено од Халанд пак ја однесе Италија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Норвешка со максимални 24 бода и неверојатни 37 постигнати гола ги заврши квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Во последното коло на Италија ѝ требаше победа со 9-0 за да го освои првото место во групата, но тоа не само што не случи, туку Норвешка славеше на Сан Сиро со 4-1, за запечатување на првото место и пласман на Мундијалот по пауза од 28 години. Повторно прво име на натпреварот беше Ерлинг Халанд кој постигна два од трите гола за својата репрезентација и со вкупно 16, како најдобар стрелец го заврши квалификацискиот циклус.

Италијанците одлично го почнаа натпреварот и поведоа веќе во 11. минута преку Еспозито. Предноста ја сочуваа до крајот на полувреме и подоцна до 63. минута од мечот. Тогаш почна рапсодијата  на норвешката репрезентација која за 17 минути буквално го прегази домаќинот.

 

 

Прво Нуса со проектил го израмни резултатот, а во 78. и 80. минута Халанд со два гола се погрижи за убедлива победа на скандинавската селекција. Точка на мечот во судиското продолжение стави Ларсен кој влезе во игра на местото на Халанд. За доминацијата на Норвешка во оваа група најдобро зборува податокот што на двата меча против Италија постигна дури седум, а прими само еден гол.

Standings provided by Sofascore

Италија трет пат по ред ќе игра бараж за пласман на Светско првенство, во надеж дека нема да пропушти и трет мундијал по ред. Во плејофот за 2018 година загуби во двомечот со Шведска со вкупен резултат 0-1, а четири години подоцна од Македонија во Палермо со идентичен резултат.