Селекторот на Романија разочаран од Босанците: Дај боже да се сретнеме во баражот
Во Виена, Босанците ќе имаат шанса да обезбедат директно место на Светското првенство со евентуална победа против домаќинот. Натпреварот против Романија ја одбележа наелектризираната атмосфера на срадионот Билино Поље, за што зборуваше и тренерот на гостите Мирчеа Луческу. Искусниот стручњак беше разочаран од условите во кои се играше натпреварот.
„Никогаш не сум видел таков недостаток на гостопримство во мојата кариера. Седев во ходник од еден и пол метар, немаше столчиња, а играчите беа збиени во простор од 4x4 метри. Во тој ходник, играчите немаа каде да се загреат. Игравме на стадион кој не е изграден за фудбал“, рече Луческу.
Нему му пречеше и однесувањето на гледачите на трибините, кои скандираа: „Цигани, цигани“.
„Ако ние сме она што тие викаа, тогаш што се тие? Невозможно е фудбал на ова ниво да се игра во толку нечовечки услови. Никогаш не сум видел нешто слично во мојата кариера. Им недостасува гостопримство. Тие врескаа и свиркаа за време на националната химна, јас не ја слушнав нашата химна. Ги угостивме многу добро во Букурешт, на вистински стадион“, додека искусниот стручњак.
По сето тоа што се случуваше, романскиот стручњак посака повторно да се сретне со БиХ во плејофот.
„Дај Боже да играме повторно со нив во плејофот. Ќе биде како во Букурешт, ќе играме 10 минути“.