Пешевски е во идеалниот тим на Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Ракометарот на Пелистер, Жарко Пешевски имаше фантастична партија против ПИК Сегед, а тоа го препозна и медиа тимот на ЕХФ, па го смести во тимот на колото од Лигата на шампионите.

Жарко Пешевски го доби признанието за играч на натпреварот во победата на Пелистер над ПИК Сегед од 25-24.

Тој беше најдобар стрелец со седум постигнати голови. Пешевски сега е дел од идеалниот тим на колото во ЛШ како најдобар пикер.

Идеален тим на колото: 

Голман: Начо Биоска - Нант
Лево крило: Бјарки Мар Елисон - Веспрем
Лев бек: Мартим Коста - Спортинг
Среден бек: Тобиас Грондал - Фуксе Берлин
Десен бек и МВП - Матиас Гидсел
Десно крило: Алеиш Гомез - Барса
Кружен напаѓач: Жарко Пешевски - Еурофарм Пелистер
Дефанзивец: Макс Дарј - Фуксе Берлин