Пелистер останува без еден од најдобрите ракометари, ама ќе лапнат обештетување за него!
33-годишниот словенечки ракометар е под договор со Пелистер, но германскиот клуб е подготвен да плати обештетување за да го ангажира веднаш.
Причина за ваквиот итен интерес на Фуксе Берлин е повредата на нивниот ракометар Фабиан Вајде кој ги скина лигаментите и за него сезоната е завршена.
За Цехте ова би било враќање во Бундеслигата бидејќи тој четири сезони го носеше дресот на Хановер.
Се очекува Пелистер да остане и без Тајник кој е во преговори со Слован, но тоа би се случило по крајот од сезоната.