Оскар е во стабилна состојба, но останува во болница - му се прават нови тестови!
Оскар изгуби свест за време на тренинг во Сао Паоли и беше итно пренесен во болница каде му беше дијгностицирана вазовагална синкопа. Ова е губење на свеста предизвикано од прекумерна реакција на одредени стимули од околината.
Исто така наречена неврокардиогена или рефлексна синкопа, таа е најчеста причина за несвестица. Епизодата обично трае само неколку секунди, а закрепнувањето е брзо. Сепак, кога се јавува кај врвни спортисти, таа активира серија клинички протоколи за да се исклучат потенцијално сериозни кардиолошки причини.
„Оскар е клинички добро и стабилно, тој е хоспитализиран на кардиолошкото одделение и ќе биде подложен на дополнителни тестови овој петок“, соопшти клубот.
Претходно се пишуваше дека ова може да е крај на неговата кариера, но доколку тестовите бидат добри, би можел да продолжи со играњето фудбал.
34-годишниот фудбалер се врати во Сао Паоло во декември минатата година, потпишувајќи тригодишен договор со клубот од неговото детство. За време на својата кариера, тој играше и за Интернационал, Челзи и Шангај Порт оф Чајна. Тој има 48 настапи за Бразил, постигнувајќи 12 гола.
Фото: ЕПА