Вардар не се ни испоти, а ја прегази Струга
„Црвено-црните“ се единствениот тим со максимален учинок од стартот на првенството, а Струга немаше сили да биде рамноправен противник на лидерот на табелата. Кај Вардар за овој дуел ги немаше повредените: Еспиња, Кеита, Лазаревски и Стаменковиќ, но отсуствува и уште: Валах, Малус и Борозан.
Од самиот почеток избраниците на Иван Чупиќ со неколку серии ја најавија победата и на пауза заминаа со водство од 16-9.
Во второто полувреме следеше само рутинско одработување на задачата за победа со конечни 15 гола разлика.