Ашаданов со една промена во составот оди по изненадување против Грција

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија по големата победа над Данска во првото коло ја чека нов предизвик во квалификациите за ЕП и тоа против селекцијата на Грција, а за овој дуел селекторот Александар Ашаданов одлучи да направи една промена во составот.

На местото на Јана Пилевска за дуелот против Грција влегува Теа Трајковска која ќе треба да биде поддршка на внатрешната линија каде што се уште: Мерит Хемпе, Ивана Кметовска, Матеа и Милица Николиќ.

Натпреварот против Грција го играме утре во терминот од 18:00 часот исто така во „СРЦ Кале“.