Синер гази се пред себе во Торино, го преслуша и Шелтон!

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер продолжува да игра на највисоко ниво на завршниот Мастерс во Торино и денеска го совлада Бен Шелтон со 2-0 во сетови (6-3, 7-6).

Синер тргна одлично од самиот старт и уште во првиот гем го одзема сервисот на Шелтон поведувајќи со 1-0. Шелтон не успеа да го возврати брејкот, а во деветиот гем и уште еднаш го загуби својот сервис по што Италијанецот со 6-3 поведе 1-0.

Вториот сет донесе поголема борба, двајцата беа сигурни на свој сервис, па победникот се решаваше во тај-брејк каде што Синер сепка беше подобар и не дозволи да изгуби сет и во овој меч.

Со овој триумф Синер како првопласиран од својата група оди во полуфиналето каде што утре го чека Алекс Де Минор.