Најкратката прес-конференција во историјата - го кажа резултот и си замина! (ВИДЕО)

Koшаркарите на Валенсија изминатата вечер запишаа пораз од Париз во рамките од 11. коло во Евролигата, а по овој дуел беше видена една необична сцена.

Имено, предводникот на Валенсија, Педро Мартинез ја одржа најкратката прес-конференција за медиумите, причина веројатно беше што во салата не го дочека ниту еден новинар.

Французите не беа премногу заинтересирани за изјава од тренерот на шпанскиот тим, па така порано си заминаа. Кога седна на столчето и откако доби знак да ја започне конференцијата, тој го кажа само резултатот и си замина.