Арсенал има „чудо од дете“, ќе скокне пет генерации во репрезентацијата!

Maкс Довман, „чудото од дете“ на Арсенал е на чекор да прескокне пет генерациски категории во англиската репрезентација, најавуваат медиумите на Островот.

Имено, Довман кој има 15 години и во овој момент е член на репрезентацијата до 16 години многу брзо би можел да добие повик во селекцијата до 21 година.

Веќе некое време тој е во центарот на вниманието, а претходно се запиша и како најмлад стрелец во младинската Лига на шампиони со само 14 години.

Испиша Довман и историја како втор најмлад дебитант за Арсенал, пред него е само Нванвери. Исто така зад себе има и настап во Лигата на шампионите.

„Тој е фудбалер кого го следиме. Понекогаш талентот многу брзо може да се развива, важно е да знаеме колку Макс е млад и да сме свесни за тоа. Добиваме информации од камповите на кои игра и дефинтивно ќе добие своја шанса“, истакна селекторот на фудбалерите на Англија до 21 година, Ли Карсли.