Нереално сценарио: Италија мора да ја победи Норвешка со девет разлика за пласман на СП!

Италијанската фудбалска репрезентација се наоѓа во тешка ситуација во квалификациите за Светското првенство (СП) во 2026 година, затоа што во моментов е втора во групата зад Норвешка која има голема предност во гол-разлика.

Пред нивниот втор меѓусебен дуел во групната фаза, Норвешка е прва со 21 бод и гол-разлика од +29, додека Италија е втора со 18 поени и гол-разлика од +12.

Ова значи дека Италија ќе мора да слави со најмалку девет голови разлика против Норвешка со цел да се избори за директен пласман на Мундијалот зашто во спротивно ќе мора да брка шанса преку бараж.

Италијанските медиуми потсетуваат дека Норвешка најголемиот пораз го имала од Данска со 0-12, но тоа било во далечната 1917 година, додека Италија најголема победа има од 9-0 во осминафинале на Олимписки игри против САД.

Сепак, распоредот на силите во моментов е драстично променет и Норвешка делува страшно на теренот, па дури и да успее Италија да слави против ривалот, речиси невозможно е дека ќе биде со огромна гол-разлика.

Фото: EPA