Чудо на повидок: Аутсајдер на чекор до пласман на СП 2026 по пауза од 52 години!

На Светското првенство (СП) следната година ќе учествуваат 48 репрезентации, а тоа им даде шанса и на помалите селекции да обезбедат пласман на завршницата на турнирот.

Хаити со победата против Костарика (1-0) во четвртокот направи голем чекор напред кон пласман на првиот Мундијал по пауза од 52 години.

Во моментов Хаити има ист број бодови со Хондурас, а победникот од нивната група ќе се избори за автоматска квалификација на СП 2026.

Хонударс го чека тешко гостување кај Костарика на крајот на квалификациите, додека Хаити гостува кај Никарагва која ги загуби шансите за место меѓу најдобрите репрезентации во светот.

Хаити досега настапи на Мундијалот во далечната 1974 година, па сега имаат шанса за ново чудо по пауза од 52 години.

Фото: EPA