Клоп си најде нов ангажман, но ќе работи само пет недели!

Јирген Клоп имаше успешна тренерска кариера во која освои голем број пехари, по што реши да се занимава со друга функција во светот на фудбалот, а тоа е шеф на фудбалски операции во Ред Бул.

Германецот, сепак, си најде нов ангажман во меѓувреме и ќе биде стручен аналитичар за платформата „МагентаТВ“ за Светското првенство (СП) во 2026 година.

Клоп ќе работи како стручен аналитичар за време на Мундијалот, и тоа од 11 јуни до 19 јули следната година, по што ќе му заврши ангажманот.

Во кариерата веќе работеше како тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул.

Фото: Liverpool FC/X