Рубиалес нападнат со јајца на промоцијата на својата книга (ВИДЕО)

Поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес доживеа непријатен инцидент на претставување на книга во Мадрид.

За време на промоцијата, еден маж од публиката стана и го гаѓаше со јајца, а снимката од инцидентот се појави на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Рубиалес беше во центар на скандал откако без согласност ја бакна шпанската фудбалерка Џени Хермосо за време на прослава на освојувањето на Мундијалот.