По интервјуто на Димитриевски „летна“ еден од директорите на Валенсија
Димитриевски првпат јавно кажа дека во клубот „нема вистинска конкуренција“ зашто неговиот колега Жулен Агирезабала мора да брани бидејќи Валенсија во спротивно ќе плаќа пенали.
Претходно шпанските медиуми објавија дека оваа изјава, според „Супердепорте“ го вознемирила стручниот штаб на клубот, но и соиграчите на македонскиот голман.
Валенсија во меѓувреме реши да ја прекине соработката со спортскиот директор Мигуел Анхел Корона, која беше кај „лилјаците“ во претходните пет години.
Деталите од интервјуто може да се прочитаат ТУКА.