Еден Американец си замина, а друг пристигна: Тиквеш се засили со Џавонте Хокинс

Македонскиот кошаркарски суперлигаш Тиквеш денеска го промовира Џавонте Хокинс како најново засилување, откако претходно си замина Си-Џеј Џексон.

Хокинс треба да биде нов организатор на играта на тимот од Кавадарци во иднина, а претходно играше за универзитетот Флорида Пантерс и Аполон во Кипар.

„Со големо задоволство ви го претставуваме Џавонте Хокинс како наш нов играч. Веруваме во неговите квалитети и посветеност, му посакуваме многу успех, силни настапи и победи во претстојната сезона. Доаѓа на местото на Си-Џеј Џексон, благодарност до него,за прикажаното. Му посакуваме среќа понатака во кариерата“, соопшти Тиквеш.