Миротиќ преклани го извиси Партизан и сега е легенда на - Црвена Звезда (ВИДЕО)
Црногорецот со шпански пасош е еден од најдобрите европски кошаркари последната деценија, сега е на залезот на кариерата, но секако остави длабока трага во Евролигата. Пред две години беше пред потпис со Партизан, но, како што подоцна изјави Жељко Обрадовиќ, кога информацијата излегла во јавноста, Миротиќ добил еден куп навреди и закани од навивачи на Звезда и до трансфер не дојде и покрај тоа што тренерот на „црно-белите“ тврдеше дека добил збор од кошаркарот.
Болката на приврзаниците на Партизан е мелем за оние на Звезда, па синоќа Миротиќ доби громогласен аплауз кога излегуваше на теренот во белградската Арена. Домашните фанови го поздравија кошаркарот како да оставил длабока трага во историјата на клубот и покрај тоа што никогаш не го облекол „црвено-белиот“ дрес.