Тежок гаф на РТС: Србија играше на - Вимблдон!?!? (ВИДЕО)

Српската фудбалска репрезентација синоќа го одигра претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство, против Англија во Лондон.

Мечот се одржа на еден од најславните светски стадиони, Вембли, но известувачот на Радио Телевизија Србија направи тежок гаф додека се обидуваше на гледачите да им ја претстави атмосферата.

„Ако можете да видите зад мене, веќе тргна река луѓе кон можеби најпопуларниот стадион во светот, храмот на фудбалот - Вимблдон“, рече тој.

Србите имаат прекрасни спомени од Вимблдон поради успесите што таму долго време ги остваруваше Новак Ѓоковиќ, но фудбалерите синоќа играа на друго место.